Xiaomi го објави Mi Mix 2S со Snapdragon 845

од Vladimir Zorba

Xiaomi Mi Mix 2 официјално го доби својот наследник откако претставник на компанијата направи објава на Твитер откривајќи го новиот Mi Mix 2S. Уредот ќе работи со сегашниот врвен чипсет на Qualcomm – Snapdragon 845.

За жал, ова е единственото нешто што го знаеме за телефонот. Статијата беше придружена само со број 273741, што е веројатно упатување на постигнувањето на паметниот телефон во реперот AnTuTu. Xiaomi ќе го прикаже Mi Mix 2S на 27-ми март.

Сигурно новиот модел ќе биде лансиран на клучните пазари, како што се Кина и Индија, како и во Западна Европа, каде што Xiaomi веќе има амбиции и присуство.

Производителот штотуку ја отвори својата прва продавница во Барселона и ќе присуствува на Mobile World Congress 2018, но не се очекува таму да слушнеме најави на некакви поважни производи.

Слични содржини