Заев: Мицкоски не го препозна моментот, Македонија е одлучна за иднината за НАТО и ЕУ

од desk2

Премиерот Зоран Заев по денешната лидерска средба во клубот на пратеници рече дека Република Македонија е одлучна за иднината на НАТО и ЕУ и дека сите се уморни од кризи, омрази и поделби.

„За жал (Христијан)Мицкоски (лидерот на ВМРО-ДПМНЕ) не го препозна моментот. Наместо да го фати возот остана на мрачната страна на историјата. По третата средба стана јасно дека Мицкоски лаже кога тврди дека на ова раководство му е важно техничка влада, ДИК… Тој лаже дека Македонија сака да биде во ЕУ и дека се бори за чесен референдум. Тој проба да ги прикрие виситнските намери. Откако виде дека нема намера да преговараме за амнестија, немаше намера да се договори. Ако нема амнестија нема договор, со тие позоции беше тој. Се доби во пакет, а единствено требаше да ги повика членовите и симаптизерите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат по сопствено уверување“, рече Заев.

Заев порача дека нема да дозволат раководството на ВМРО-ДПМНЕ да ја држи Македонија во заложништво.

Слични содржини