Заев најави обештетување на граѓаните кои претрпеле штети од пожарите

од Vladimir Zorba

„Се прават проценки на терен, за да се обесштетат граѓаните. Ќе го надоместиме тоа што е загубено“, најави денеска премиерот Зоран Заев при посетата на Будинарци.

Посочи дека се прави план за голема сеидба на дрвја оваа есен.

Додаде и дека се ставаат под контрола пожарите во Делчевско и Беровско.

Премиерот изјави и дека на одмор бил 3 дена и се вратил, затоа што почувствувал дека народот сака да го види овде.

-Системот функционира како што кажа и директорот на ЦУК, координацијата се прави на телефон, граѓаните очекуваат премиерот да биде премиер и да го координира системот, истакна Заев.

Слични содржини