Зекири со прашања до ДУИ и до Џафери: Објаснете зошто го спасивте побратим Трајко

од Vladimir Zorba

Мухамед Зекири, пратеник од СДСМ испрати прашања до ДУИ и до претседателот на Собранието, Талат Џафери, по вчерашната седница каде не им беше овозможено на пратениците да се произнесат за барањето на судот да му биде симнат имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски.

„Талат Џафери и ДУИ треба да објаснат на јавноста зошто го спасија нивниот побратим Трајко Вељановски?!!!…

Го СПАСИЈА за да ги “СПАСИ” некогаш ВМРО нив или …???…

Народот вели: “ Во секое ЗЛО за добро” … Јавноста упте еднаш го виде вистинското лице на оваа политичка партија.

И пророкот Мухамед во една негова изрека има кажано: “Ако не се срамиш, прави што сакаш”.

П.С
ДУИ 2014 = 153.000
ДУИ 2016 = 86.000
ДУИ 2019 = …“, објави Зекири на Фејсбук профилот.

Слични содржини