Зеленски разговараше со италијанскиот МНР за украинската формула за мир

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани разговараа за ситуацијата на фронтот, европската и евроатлантската интеграција на Украина, украинската мировна формула и воената помош, вклучително и противвоздушната одбрана.

„Разговаравме за ситуацијата на бојното поле, имплементацијата на украинската формула за мир, Глобалниот самит за мир. Многу е важно да се зајакне противвоздушната одбрана за да се заштитат украинските цивили и инфраструктурата за жито“, напиша Зеленски на Фејсбук.

Тој се заблагодари на Италија за нејзината солидарност со Украина.

Слични содржини