На многу луѓе не им успеваат врските, бидејќи размислуваат за премногу добар партнер. Овие индивидуи не можат да разберат дека исто така не се совршени и си имаат свои недостатоци, како и секој еден човек.2d0b3f0768d186838eb6e4eb12aed491

Многу студии покажуваат дека очекувањата на луѓето влијаат директно на нивното задоволство од романтичната врска.Понекогаш премногу високите очекувања не се објективни и оправдани.

Токму поради својата голема самодоверба некои луѓе прават грешки спрема партнерот, кои можат да се погубни. Тие сметаат дека нивниот партнер треба да ги задоволува сите нивни потреби и / или желби, но не се подготвени да го прават истото во замена.

Еве и шест начини на кои овие луѓе не им успеваат своите врски преку неразумните барања:

1. Сметаат дека нивниот партнер не е доволно добар за нив

Ако мислите дека сте премногу добри за партнерот и дека заслужувате повеќе, значи очигледно грешката е во вас. Зошто сте почнале воопшто врска со овој човек? Ако нешто во него / неа ви недостасува, вие очекувате премногу од нив? Ние сме одговорни за нашата сопствена среќа, тоа не е работа на некој друг да ни направи среќни.

2. Обземени се од недостатоците на партнерот

Ако сте се фокусирале само на грешките и недостатоците на партнерот и сте склони да ги игнорирате сите прекрасни негови квалитети, тогаш вашата критичност ќе ви ги упропасти односите некогаш. Сите правиме грешки и имаме недостатоци – никој не е совршен.

3.  Очекувате вашиот партнер да ви ги чита мислите

Ова е една од најчестите грешки кои многу луѓе ги дозволуваат во врската. Имено да сакаат и да очекуваат нивниот партнер да знае точно што сакаат тие, без да му кажат, односно да им ги чита мислите. Само долгогодишните партнери кои се познаваат многу добро, успеваат донекаде да ги предвидат меѓусебните мисли и тоа не секогаш и не за 100 проценти.

4. Сакаат нивната партнерка секогаш да сочувствува

Најсложените луѓе сметаат дека по право заслужуваат нивниот партнер секогаш да им влегува во ситуацијата и да сочувствува. Тој треба да ги разбира и да се грижи за нив. Кога тие се во лошо расположение, тој треба да е внимателен кога се вознемирени, тој мора да се обиде да ги расположи кога се напнати – да ги остави на мир, итн. Па, проблемот е дека овие луѓе не го прават истото за партнерот.

5. Тие сметаат дека нивниот партнер нашол среќа со нив

Ако се чувствувате како голем човек – паметен, убав, успешен и др. и мислите дека партнерот треба да е благодарен на судбината дека е со вас, тогаш вие имате сериозен проблем. Дали некогаш сте размислувале дека не гледате работите реално? Можеби вие сте среќници во оваа врска. Можеби човекот до вас е премногу освестен за да го трпи големото ваше его? Подобро да се обидете да ги забележете квалитетите на својот партнер, отколку да размислувате на своите неверојатни позитиви.

6. Кога се лути на партнерот, тие почнуваат да сонуваат за нова врска

Ако секој пат кога вашиот партнер ќе ве изневери или се карате, вие почнувате да размислувате за нова врска, значи вие сметате дека сте во право, во секој спор со партнерот. Вие мислите дека кога работите одат наопаку во односите, другиот по право е виновен. Обидете се да направите ревалоризацијата на сопственото однесување, бидејќи за една стабилна врска е потребно и двајцата партнери да вложуваат напори.

Слични содржини