Знаци кои откриваат дека сте во врска со нарцисоиден маж

од desk2

Нарцисоидноста како карактеристика може да создаде проблеми кога станува збор за љубовната врска. Нарцисоидните личности се вљубени во самите себе и се сметаат за совршени, па сè негативно што им се случува во животот го припишуваат на другите.

Да се биде во врска со нарцисоидна личност е тешко и исцрпувачки, а следните три показатели можат да откријат дали вашиот партнер поседува карактеристики на нарцисоиден маж.

1. Инсистира да го правите само тоа што му се допаѓа

Не му е важно дали вие сакате да одите во кино или на изложба, тој секогаш наоѓа причина да ве убеди дека неговиот план е подобар. Ако му се спротивставите ќе се налути, а истото ќе го направи и ако одлучите наместо него да ги поведете пријателите во кино или на изложба, бидејќи секој друг за него претставува закана.

2. Подароците кои ви ги дава се покорисни за него отколку за вас

Иако на прв поглед може ви се чини дека одбрал одличен поклон за вас, кога подобро ќе размислите сфаќате дека тој има поголема корист од него. На пример, секси фустан во кој сака да ве претстави пред пријателите или секси долна облека која сака да ја носите во текот на водењето љубов.

3. Ве обвинува за сите проблеми во вашата врска

Тој никогаш не е виновен, дури и кога ќе згреши. Однапред има испланирани причини зошто вие сте виновни и зошто вие треба да се смените. Во одредени ситуации е подготвен да ве навреди пред други луѓе за јавно да ве понижи и себеси да си угоди.

Слични содржини