7 нешта со кои жените ги плашат мажите

од Vladimir Zorba

Речиси секоја жена има случај во живот кога смета дека го открила идеалниот маж, но одеднаш, тој едноставно ѝ исчезнува од животот без објаснувања.b705e56badfd96645779d7bef8138c1e

Ако сте доживеале такво нешто, сигурно сте се прашувале зошто, по ѓаволите, сè беше во ред. Многу е веројатно да сте го исплашиле мажот со големото внимание.

Еве седум работи со кои би можеле несвесно да го исплашите следното добро момче во животот:

1. Престанувате да се гледате со пријателите

Секој маж сака девојка што има социјален живот – пријатели, блиски луѓе со кои сака да го поминува своето време и т.н. Ако сакате да бидете нон-стоп со својот нов пријател, тој може да се почувствува како центарот на вашата вселена и. .. да избега. Покрај тоа мажите имаат потреба да вложуваат напори за да ја добијат жената на своето срце.

2. Вие сте нерационално љубоморна

Може да љубоморите повремено на партнерот, но само ако тоа ви дава причина. Љубомората без причина говори за длабока внатрешна несигурност. Мажите сакаат самоуверени жени, а не луди следачки.

3. Пишувате премногу текстуални пораки

Убаво е да му пишувате забавни пораки на својот сакан, но нека тие се кратки и да не се премногу.

4. Немате никакви хобија или интереси

Мажите сакаат жени кои имаат страсти и интереси. Тие се забавни, имаат повеќе впечатоци и искуства и можат да разговараат за повеќе теми. Жените без хоби се здодевни и не особено примамливи.

5. Зборувате против другите жени

Ова е уште еден начин со кој ја прикажувате својата длабока несигурност. Омилениот ќе остане со впечаток дека го критикувате секој и сешто без добра причина. Вашата злоба и себичност ќе го исплаши.

6. Зборувате за свршувачка премногу рано

Тоа е одличен развој за секоја врска, но премногу брзиот притисок за брак, може да го уплаши мажот. Почекајте го вистинското време да си дојде по природен пат.

7. Споделувате премногу

Добро е да сте фер со мажот до себе и да му верувате, но сепак не брзајте. Цврстата врска обично започнува бавно и се развива постепено, Не ја соголувајте вашата душа уште на почетокот.

Слични содржини