„Бургер Кинг“ ќе престане да купува месо од малтретирани животни

од Vladimir Zorba

 

Синџирот на ресторани за брза храна „Бургер Кинг“ соопшти дека ќе престане да купува пилешко месо од фарми каде се малтретираат животните.

Компанијата најави дека планира до 2024 година да купува само кокошки во склоп со стандардите што ги постави организацијата Глобално животинско партнерство.

„Бургер Кинг“ смета дека на тој начин ќе се намалат страдањата на милиони кокошки.

– Кокошките во фабриките се одгледуваат само поради месото, а познати се и под називот „бројлери“.  Тие се меѓу најмалтретираните животни на планетата. Одгледувани се тие да растат неприродно брзо, така што често се осакатени поради нивната тежина. Тие многу страдат од константна болка, па често не можат ни да стојат. Така поминуваат цело време тркалајќи се во отпадот, истакнува организацијата Глобално животинско партнерство.

Слични содржини