Чешката полиција побара укинување на имунитетот на мандатарот Бабиш

од desk2

Чешката полиција денеска побара од Парламентот да го укине имунитетот на мандатарот за состав на нова Влада, Андреј Бабиш, чија партија АНО убедливо победи на неодамнешните парламентрани избори.

Бабиш, кој е еден од најбогатите луѓе во Чешка, е осомничен за злоупотреба на субвенции од Европската унија и измама вредна два милиони евра. Истрагата против него се води од септември, а Бабиш е заштитен со имунитетот што го доби како пратеник.

Неговите преговорите за состав на идната влада не вреодија со успех и Бабиш најави дека ќе формира малцински кабинет до крајот на годината откако не успеа да договори коалиција. Партијата на Бабиш има 78 од 200 места во чешкиот Парламент.

Слични содржини