Додик: Изетбеговиќ подготвува паравоени организации за напад на Република Српска

од desk4

Бакир Изетбеговиќ подготвува разни вооружени организации за напад врз Република Српска, обвнува претседателот на РС, Милорад Додик.

Тој тврди дека сите босански политичари се подготвени да ја третираат Република Српска како политичка и воена цел.

– Затоа и постојат разни организации кои се формираат кај муслиманите, што ни е познато и за што имаме информации подолго врме. Не ме интересира што мисли Бакир Изетбеговиќ и ако постои вооружување тогаш тоа е илегална структура, надвор од системот и контрола, изјави Додик.

Весникот „Вечерње новости“ претходно објави дека Изетбеговиќ врши илегална обука на паравоени формации и дека досега низ обуката поминале 9 илјади млади Бошњаци.

Слични содржини