Формулата за ентропија на црната дупка – епитаф за Хокинг

од Vladimir Zorba

   Англискиот теориски физичар и космолог Стивен Хокинг кој почина на 14 март, додека беше жив јасно посочи што сака да се најде на неговиот надгробен споменик.

Во интервју за „Њујорк тајмс“ од 2002 година тој рече дека за епитаф ја сака неговата формула за пресметување на ентропијата на црната дупка.Славниот физичар на оваа формула работеше со неговиот колега Џејкоб Бекенштајн, а нејзиното полно име е Бекенштајн-Хокингова формула.

Неговиот долгогодишен соработник ги потврди наводите за оваа последна желба на научникот.

Стивен Хокинг почина на 77-годишна возраст во својот дом во Кембриџ, Британија.

Слични содржини