(ФОТО/ВИДЕО) Заев за по изборната победа: Од каде пари? Од таму пари, ќе ги вратат украдените пари, има се да вратат!

од desk3

Првиот социјалдемократ Зоран Заев на денешниот марш , пред насобраните посочи дека буџетот после декември ќе се полнел од парите на граѓаните украдени и однесени во рајските земји. Марширот бил за деца да не просат по улици, семејства да не гладуваат, да не плачат по автобуските станици, за покрив над секоја гласа, за здравство кое лечи, а не убива, за државен систем кој помага, а не повредува.

“Нашето оружје е нашиот глас. Почитувани потомци на храбрите партизани, и ние се бориме и ќе се избориме за слобода, правда, правичност и еднаквост. Потребна е свест за заедничката цел, не е време за мали планови, дојде време кое не прозва секој нас поединечно. Дојде време да и дадеме ветување на Република Македонија, во име на сите кои ги дадоа животите за нас. Затоа беше важен овој граѓански марш кој ја покажува нашата одлучност, марширавме за враќање на државата во наши раце, од рацете на фамилијата, за враќање на парите , ќе вратиме се до денар, се што украдоа, се ќе вратиме. Денес марширавме за достоинствени плати од кои ќе се живее, за заштитени работници, за силни мали претпријатија. Од каде пари? Од таму пари, ќе ги вратат украдените пари, има се да вратат. 11 октомври, денот на народното востание, испишуваме историја, рушиме режим отвораме пат на животот.

Денешниот марш, нашиот марш е нашиот марш на нашиот глас, овој марш најавува дека победува граѓанска република Македонија”- изјави првиот социјалдемократ Зоран Заев во говорот за време на денешниот марш.

Слични содржини