Французите му дадоа мандат на Макрон за болни реформи

од desk3

Партијата на претседателот Макрон и неговите сојузници освоија огромно мнозинство во Националното собрание.

Создадената пред околу една година центристичка партија на францускиот претседател Емануел Макрон “Република, напред!” освои огромно мнозинство на вториот изобрен  круг на парламентарните избори, пренесоа агенциите. Според последните податоци од пребројувањето на гласовите претседателската партија и нејзините сојузници од Демократско движење (модем) ќе располагаат со 350 пратеници од вкупно 577 во Националното собрание – значително над апсолутното мнозинство од 289 лица. Околу половина од кандидатите на центристичката партија на Макрон се практично непознати лица од различни области на бизнисот. Гласањето помина сепак при одѕив од само 42.64% – најниска во историјата на современа Франција, забележува БиБиСи.

Големото мнозинство ќе му овозможи на 39-годишниот Емануел Макрон лесно да  ги спроведе своите планови за промена во француското тезаконодавство и на шемата за исплата на помошта за невработените и пензиите. Французите треба да се подготвуваат за болни реформи, категорични се аналитичарите. Макрон сака да отпушти 120 000 државни службеници и да го реформира целосно пазарот на трудот и пензискиот систем. Си поставил амбициозна цел во наредните 5 години сериозно да ги скрати буџетските трошоци.

Резултатите од гласањето и дадоа второ место на десничарската партија “Републиканците”, која ќе има 137 пратеници во новиот парламент. Досегашната владејачката  Социјалистичка партија претрпе целосен крах на изборите и ќе има само 44 претставници. Генералниот секретар на партијата Жан-Кристоф Камбаделис го призна поразот и поднесе оставка. “Левицата треба да започне нова фаза. Поставени се во прашање нејзините главни приоритети – државата на благосостојбата и проширување на личните слободи”, рече тој. 27 пратеници во парламентот ќе имаат “непослушната Франција” на Жан-Лук Меланшон, кој се појави на изборите заедно со комунистите. Екстремнодесничарскиот Национален фронт на Марин Ле Пен ќе има 9 пратеници и еден од нив е лидерката, која досега беше европратеничка. Ле Пен за прв пат влегува во француски парламент.

ПОСТАПКА

Францускиот премиер Едуар Филип се очекуваше да поднесе оставка на кабинетот вчера и да изготви нов, веројатно со мали промени во составот. На почетокот на јули тој ќе ги претстави пред пратениците приоритетите на владата. “Француските избирачи дадоа јасно мнозинство на претседателот на Републиката и на Владата. Тоа мнозинство има мисија: да работи за Франција. Французите ги избраа со големо мнозинство со надеж пред гневот, оптимизмот пред песимизмот, довербата пред повлекувањето”, изјави Филип.

Слични содржини