Листа на градови и земји кои би биле први цели на севернокорејските проектили

од desk2

Европскиот совет за меѓународни односи, неодамна ги објави потенцијалните цели кои севернокорејскиот лидер, Ким Јонг-ун, би можел да ги нападне при евентуална нуклеарна војна.

Како што беше објавено од страна на советот, листата на потенцијални цели, меѓу кои има многу градови во САД, Белата куќа, како и Пентагон, е креирана преку анализа на информации прибавени од севернокорејски извори.

Иако САД најчесто се споменуваат како мета на проектилите на Ким, сепак прилично засегнати се и Јапонија и Јужна Кореја.

Во продолжение, ова е листата на 16 можни цели при ракетен напад од страна на Пјонгјанг:

1. Американско тло – нуклеарен напад

2. Најголемите американски градови – нуклеарен напад

3. Менхетен – нуклеарен напад

4. Белата куќа – нуклеарен напад

5. Пентагон – нуклеарен напад

6. Американски бази во Пацификот – нуклеарен напад

7. Гуам, Хаваи – нуклеарен напад

8. Американски носачи на авиони во Пацификот – нуклеарен напад

9. Делови од јужнокорејското тло – нуклеарен напад

10. Американска воена база во Јужна Кореја – напад со непознато оружје

11. Јужнокорејски градови – напад со непознато оружје

12. Сеул – напад со непознато оружје

13. Владата и владини агенции во Јужна Кореја – напад со непознато оружје

14. Американската воена база во Јапонија – нуклеарен напад

15. Воените бази Јокосука, Мисава и Окинава во Јапонија – напад со непознато оружје

16. Копното на Јапонија (Токио, Осака, Јокохама, Нагаја, Кјото) – напад со непознато оружје

Покрај листата на загрозени територии, во извештајот се наведува дека Северна Кореја не поставила јасно разграничување во користењето на нуклеарно оружје кон воени и цивилни цели.

Слични содржини