Меркел: Сите барања за азил ќе бидат разгледани

од Vladimir Zorba

3879806F-3498-459B-B179-CBFE32B93705_cx48_cy4_cw52_w987_r1_s_r1

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува барањата за азил од мигрантите кои минатата година дошле во Германија да се разгледаат во првата половина од следната година. Таа вели дека до крајот на овој месец ќе имаат јасен преглед за тоа колку точно мигранти има кои лани дошле во земјата. Таа вели дека напролет сите барања ќе бидат разгледани, освен оние со непотполна документација. Во Германија минатата година се регистрирани 1,1 милион мигранти. Процедурата за добивање азил во Германија трае неколку месеци./извор РСЕ

Слични содржини