Последните предупредувања на Хокинг до човештвото

од Vladimir Zorba

  

 

Човештвото мора да ја напушти планетата Земја во наредните 200 години ако сака да преживее, вака гласи силното предупредување на Стивен Хокинг искажано во месеците пред неговата смрт.

Легендарниот физичар, кој почина во средата, веруваше дека животот на Земјата би можел да биде збришан од некоја катастрофа, како што е удар на астероид, дејствување на вештачка интелегенција или инвазија на вонземјани.

Тој исто така предупредуваше дека пренаселеноста на планетата, човечката агресивност и климатските промени би можеле да доведат до самоуништување на човештвтото.

Хокинг веруваше дека ако нашиот вид има некаква надеж да преживее, иднините генерации ќе мора за себе да изградат нов живот во Вселената.

Една од најголемите грижи на Хокинг за планетата Земја беше глобалното затоплување.

– Нашите физички ресурси се трошат со алармантна брзина. На нашата планета и подаривме ужасен подарок на климатски промени. Температурите растат, поларните капи се намалуваат, шумите се ретчат, а животинските видови се десеткувани, предупреди тој во јули минатата година.

Според него, Земјата еден ден ако не ја намалиме емисијата на гасовите што го предизвикуваат ефектот на стаклена градина ќе изгледа како планетата Венера со температура на површината од 460 степени Целзиусови.

– Следниот пат кога ќе се сретнете со некој кој го негира постоењето на климатските промени, кажете му да отпатува на Венера. Јас ќе му платам билет, зборуваше Хокинг.

Тој беше уверен дека одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да се повлечат од Парискиот договр за климата, ја осуди нашата планета на пропаст.

– Блиску сме до точката од која глобалното затоппување станува неповратно. Ако не не збрише глобалното затоплување, Земјата би можела да ја уништи удар од астероид. Тоа не е научна фантастика. Законите на физиката и веројатноста тоа го гарантираат. Да се остане на Земјата значи да се ризикува уништување. Раселување по Вселената во целост би ја променила иднината на човештвото и исто така, би одредило дали за нас постои некаква иднина, изјави тој за Би-Би-Си минатата година.

Хокинг соработуваше во проектот „Бректру старшот“ (Breacthrough starshot) на рускиот милијардер Јуриј Милнер со цел да се испрати флота од мали „нановселенски бродови“ на пат долг четири светлосни години до соѕвездието Алфа Кентаури, кое е најблизу до нашиот Сончев систем. На таквата флота која би патувала со брзина од околу 20 проценти од брзината на светлината, би и требало 20 до 30 години да стигне до таму и четири години да испрати сигнал назад на Земјата.

– Ако успееме некои од нас би можеле да доживеат да видат испраќање на брод на Алфа Кентаури, рече Хокинг.

Астрономите сметаат дека постои веројатност оти планета како Земјата постои во „зони што можат да се населат“ во системот Алфа Кентаури, кој го сочинуваат три ѕвезди.

– Јасно е дека влегуваме во ново вселенско доба. Стоиме на прагот на нова ера. Колонизацијата на други планети веќе не е научна фантастика. Таа може да биде научен факт, истакнуваше Хокинг.

Тој веруваше дека човечката раса на долги патеки не треба „сите јајца да ги држи во една корпа“, односно на една планета.

– Се надевам само дека до тогаш нема да ни падне корпата, напомена Хокинг.

Познатиот научник тврдеше дека вештачката интелегенција наскоро ќе достигне ниво на кое ќе стане „нов облик на живот, кој ќе ги надмине луѓето“.

Тој дури отиде толку далеку што рече дека вештачката интелегенција би можела во целост да ги замени луѓето, иако не наведе кога би можело да се случи тоа.

– Духот излезе од шишето. Се плашам дека вешачката интелегенција би можела во целост да ги замени луѓето. Кога луѓето можат да создадат компјутерски вируси, некој би можел да создаде вештачка интелегенција која сама се подобрува и се размножува. Тоа ќе биде нова форма на живот кој ги надминува луѓето, изјави Хокинг во интервју за списанието „Вајерд“.

Тој дури сметаше дека на тоа поле претстои апокалипса и дека би била неопходна „еден вид влада“ за да се контролира таа технологија.

Во истото интервју Хокинг ги повика луѓето повеќе да се интересираат за науката, истакнувајќи дека без тоа ќе има сериозни последици.

Дејли Мејл – Лондон

Слични содржини