Разрешувањето на Зврлевски, на седница на Собранието на 3 јули

од Vladimir Zorba

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, е на дневен ред на шестата седница на Собранието на Република Македонија, која е закажана за 3 јули.

Како што може да се види од агендата за седницата, објавена на интернет-страницата на Собранието, разрешувањето на Зврлевски е последна, односно 30. точка од дневниот ред.

„…Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, пред истекот на мандатот, е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во своето однесување и дејствување именуваниот покажа дека не е способен за извршување на функцијата, поради неподнесување барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата“, стои во образложението на предлогот за разрешување на Зврлевски доставен до Собранието.

Владата на седница во петокот минатата недела, ја донесе одлуката за разрешување на Зврлевски, а претходно и Советот на јавни обвинители донесе позитивно мислење, односно го прифати предлогот на Владата за разрешување на актуелниот државен јавен обвинител.

За разрешување на државниот јавен обвинител е потребно просто мнозинство од 61 пратеник.

Слични содржини