Големата меѓународна средба денеска во француската престолнина Париз ќе се обиде да даде поттик на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, јавува BBC . Делегати од 70 земји се очекува да ја повторат поддршката за изнаоѓање решение на билатералниот конфликт, кој датира со децении.

Палестинците го поздравија одржувањето на средбата, но властите во Израел, кои не испратија свој претставник, изјавија дека конференцијата е против нив.

Последниот круг  на директни мировни преговори меѓу двете страни се случува во позадината на заострување на конфликтот во април 2014 година

Израелците и Палестинците се поканети да ги сослушаат заклучоците по средбата во Париз, но тие нема да учествуваат директно во нив.

Конференцијата доаѓа во момент на тензии меѓу Ерусалим и меѓународната заедница, откако минатиот месец ОН усвои резолуција со која го осуди активноста на Израел за изградба на доселеничките  градби во окупираната Палестинската автономија – автономно државен  субјект во рамките на Израел, кој гоопфаќа Западниот Брег и Појасот Газа .

Интересно е што на самата Конференција нема да има претставници на двете страни инволвирани во конфликтот, поради што повеќето аналитичари на собирот му даваат симболччно значање во услови на зголемени тензии меѓи Израел и Палестинците, поради продолжувањето на изградбата на еврејски доселенички населби на Западниот брег и зачестените палестински напади врз Израелци,

Конференцијата е во рамки на иницијатива што ја покрена Франција минатата година за мобилизирање на напорите на меѓународната заедница за обнова на мировните преговори меѓу Израел и Палестинците, прекинати пред две години.

Собирот се одржува на пет дена пред стапувањето на должност на новиот американски претседател Доналд Трамп, кој во текот на предизворната кампања манифестираше нагласени произраелски ставови, па дури и најави преместување на Амбасадата на САД во Израел од Тел Авив во Ерусалим.

Според Резолуцијата на ОН од 1948 години за создавање на Израелската Држава, за нејзин главен град е одреден Тел Авив, каде што и се наоѓаат дипломатските претставништва на сите странски држави во земјата, додека Израел подоцна за своја престолнина го прогласи Ерусалим.

Извор: standartnews.com