СЈО влегува и во ЕЛЕМ

од Vladimir Zorba

Тимови на Специјалното јавно обвинителство, освен во РЕК Битола, влегуваат и во државната компанија ЕЛЕМ, дознава АЛСАТ – М од извори во компанијата. Од ЕЛЕМ посочуваат дека е воспоставената соработка со соодветните служби и остануваат отворени за се што е предмет за интересирање на СЈО. Засега од СЈО не откриваат никакви детали, ниту дали биле, ниту што се истражува.

sjo

Само посочуваат дека за неколку предмети се води предистражна постапка, но не може да откријат ништо повеќе. Во една од бомбите на опозицијата, беше емитуван разговор за кој се наведе дека е меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, а каде стануваше збор за местење тендер за РЕК Битола.

Во тој разговор, поранешниот премиер споменува автомобил „сеат ибица“ за да алудира на името на бизнисменот на кој треба да му се даде бизнисот со јаглен во РЕК. Алсат – М се обиде да стпи во контакт со Чинговски, но тој остана недостапен за коментар.

Слични содржини