Скандал во Алјаска: Полицајците скокнаа против закон кој им забранува секс со проститутки пред апсењето

од desk3

Во моментов во Алјаска има жесток спор меѓу полицајците и бранителите на правата на сексуалните работнички поради новиот закон според кој вработените немаат право да спијат со проститутки пред да ги уапсат. Претходно за сличен закон беше разговарано во Мичиген, а сега негово  прифаќање претстои и до северната држава. Властите во Алјаска изјавија дека стапувањето на полицајците во сексуален однос со осомничените проститутки е директно кршење на човековите права. Кон нив се приклучи и јавната набљудувачка организација Amnesty International.

Често полицајците ги надминуваат своите овластувања ги врзуваат уличарките со лисици и ги силуваат. За овој закон полицајците имаат друго мислење. Ако им биде забрането дури и да ги допрат осомничените, тогаш нивните операции за апсење ќе бидат ризични. Искусните проститутки ќе прибегнуваат кон лукавства за да проверат дали нивните клиенти се полицајци. Овој закон ќе го прошири постојниот закон за тоа дека сексуалните контакти се забранети со лица што се наоѓаат во притвор, а се под истрага или затвореници. Кога овие промени беа предложени, полицајците веднаш изјавија дека тие ги навредуваат. Полицајците се убедени дека сексуалниот контакт е неопходен елемент од тековната операција. Бидејќи така тие ги спасуваат девојките фатени во канџите на секс индустријата. Општеството на овие изјави на полицајците гледа  негативно.

Слични содржини