Тачи, Рама и Ахмети го делат Косово, вклучена и Грција?

од desk2

По предлогот на Австија северот на Косово да добие автономија, аналитичарот Бера Бузала тврди дека Хашим Тачи, Еди Рама и Али Ахмети, разговарале за поделба на Косово, пишува Б92.

Бузала на својот фејсбук профил напиша дека меѓу тројцата лидери постои „договор за промена на границите на Косово“.

Бузала тврди дека косовскиот претседател Тачи, албанскиот премиер Рама и лидерот на ДУИ во Македонија, Ахмети, за поделбата на Косово разговарале во Тирана. „Такво сценарио, меѓутоа нема да ги промени границите на другите држави, туку само границите на Косово“, наведува Бузала.

Инаку, според пишувањето на „Газета експрес“, во приказната за поделба на Косово наводно е вклучена и Грција, односно ја поддржува шефот на грчката дипломатиј Никос Коѕијас. Приштинскиот весник пишува дека Тачи е во Брисел на собир посветен на поделбата на Косово.

„Никој во косовското претседателство не зборува за тоа каде е денеска Хашим Тачи. Само потврдија дека утре ќе биде во Косово, каде ќе се состане со словенечкиот претседател Борут Пахор“, наведува медиумот.

„Газета експрес“ пишува дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај е против идејата за поделба на Косово. Советникот на премиерот, Авни Арифи, вели дека шефот на Владата никогаш не бил дел од такви разговори. „Невистина е, слонамерно и лудо да се размислува за учество на Харадинај во такви разговори“, вели Арифи, а пренесе „Коха диторе“.

Тој весник додава дека идејата која по војната во Ксово ја прокламираа високи српски функционери повторно е актуелизирана и во дискурсите на евроспките политичари.

Слични содржини