Талат Џафери: Велјановски нема да го попречува процесот на избор на претседател на Собранието на РМ, бидејќи тоа е кривично дело

од desk2

СДСМ денеска требаше да достави иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието. Од партијата на Заев не даваат детали кога очекуваат да се одржи седницата, но на неа се очекува да биде избран новиот претседател на Собранието.

Се дознава дека истите 67 пратенички потписи кои му беа доставени на претседателот Ѓорге Иванов ќе бидат доставени и до Велјановски. Сепак, од неговиот кабинет соопштија дека денеска не стигнала таква иницијатива, информира Алсат М.

Пратеникот на ДУИ, Талат Џафери, изјави дека оваа процедура ќе заврши следниве денови.

Тој не верува дека Велјановски ќе го попречува процесот бидејќи тоа според Џафери, би значело кривична одговорност.
„Има даден временски рок во кој треба да се затворат овие работи и ние очекуваме тоа да биде деновиве. Утре, задутре, веруваме дека ќе се заврши. Мислам дека Трајко Велјановски ќе размисли околу барањето на 67-те пратеници за продолжување на седницата, бидејќи верувам дека нема да прифати тој лично да стане дел од лицата кои извршиле кривични дела кои го спречиле правниот систем кој е воспоставен со Устав.“ – изјави Талат Џафери, пратеник на ДУИ
Партиите ќе ги предложат имињата на кандидатите до Комисијата за избори и именувања и ќе продолжат со конститутивната седница која остана недовршена. Новиот прв човек на Собранието и официјално ќе соопшти дека има формирано парламентарно мнозинство и ќе го побара мандатот за програмата за новата влада.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини