Трамп: Северна Кореја ќе биде на листата земји кои го поддржуваат тероризмот

од desk4

Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека САД ќе ја стави Северна Кореја на листата земји на Стејт Департментот кои го поддржуваат тероризмот.

Трамп рече дека на Северна Кореја ќе и бидат наметнати уште санкции, тврдејќи дека Пјонгјанг одамна требал да се најде на листата и дека ова е дел од кампањата за „максимален притисок“ кон таа држава.

Моментално на оваа листа се наоѓаат Иран, Судан и Сирија.

-Покрај тоа што му се заканува на светот со нуклеарно уништување, Северна Кореја во повеќе прилики ги поддржа чиновите на меѓународен тероризам, вклучувајќи и атентати на странска територија – додаде Трамп.

Слични содржини