Три лица обвинети за убиството на малтешката новинарка Галиција

од Vladimir Zorba

  Јавното обвинителство на Малта покрена обвиненија против три лица поради убиството на малтешката новинарка Дафне Каруана Галиција, која на 16 октомври беше убиени со поставена бомба на нејзиниот автомобил. 

За убиството на Галиција се обвинети браќата Џорџ (55) и Алфред (53) Деџорџо и 55-годишниот Винсант Мускат.

Според Обвинителството, тројцата ја изработиле бомбата што беше подметната во автомобилот на новинарката. Тие исто така се обвинети и дека припаѓаат на криминална група.

Како што јави МИА, претходно премиерот на Малта, Џозеф Мускат, наведе дека малтешката полиција уапсила осум Малтежани осомничени за убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција.

Каруана Галиција (53), која беше убиена на 16 октомври, водеше многу популарен блог на кој постојано објавуваше за можни случаи на корупција на високи политичари, без разлика на нивната партиска припадност./MIA

Слични содржини