Утре продолжува амандманската расправа за Законот за јазиците, а не на 25-ти декември

од desk2

Наместо како што беше предходно најавено за 25 декември, амандманската расправа по законот за употреба на јазиците ќе продолжи утре, јави Телма. Ова го најави претседателот на комисијата за европски прашања Артан Груби.

Причина за ваквата промена е дојавата дека пратениците на ВМРО – ДПМНЕ нема ниту на 25 декември
да учествуваат во работата на комисијата.

Тие бараат да бидат ослободени нивните пратеници кои се во притвор, но Груби вели дека тоа не зависи од Парламентот, туку тоа е во надлежност на судските власти.

Денеска е втор ден амандманска расправа која се води без присуство на пратениците од опозицијата, на комисиската расправа се разгледуваат амандманите поднесени од Беса и од СДСМ.

Утре со истекот на третиот ден ќе се затвори амандманската расправа по овој закон./Телма

Слични содржини