Полскиот Фиат на Мирослав Випих може да има 30 години, но пак е на реални километри – 138.000 …
Ако сте од возачите кои ги сакаат своите автомобили, најверојатно вложувате посебна грижа за нив. Редовно одржување, миење, чистење – кога треба? Има и такви луѓе кои, сепак, многу ги сакаат своите автомобили, така што ја делат со нив дури и спалната соба.
Приказната е сосема вистинска – еден од овие вљубеници е Полјакот Мирослав Випих.
Неговиот вредеи полски Фиат, произведен е пред повеќе од 30 години – во 1986 година, а зазема и почесно место дома, буквално до телевизорот.
Сега сепак Випих решил да се раздели со највреден автомобил. За да биде тоа можно, сепак морал привремено да го острани прозорецот од дневната соба..
Одлуката за продажба била донесена пред една година и на крајот било условено од цената.
Инаку, колата е како нова, а километрите се нејзините вистински – само 138 илјади километри поминати.