(Видео) Сите одговори на Заев за реакциите за листите на СДСМ!

од Vladimir Zorba

zaev

 

П: Имаше незадоволство од составот на листите во вашата партија, голем дел и од поранешните пратеници не се најдоа на тие листи?

 

Значи, и поранешни пратеници, и нови пратеници има на листата, секако нашите листи се авангарда во ова наше современо живеење, проткаени се со многу независни кандидати. Целта, заложбата за којашто, меѓудругото се бориме е да ја отвориме дебатата. Еве, се отвори дебатата. Гледате колку е тоа убаво. Се дебатира конечно во Македонија. И секако сите дебати за тие листи се исправни согласно правото на свој впечаток на секој граѓанин којшто е вклучен во ваквата дебата. Но, да напоменам. Ние ги повикавме сите коишто навремено, порано, подоцна, дополнително ќе се одважат против режимот. Сите се добредојдени да соработуваат со нас. Сите оние наши луѓе во СДСМ коишто се одважиле целиот овој период, биле во Извршен одбор, биле насекаде, многу граѓани коишто придонеле во оваа борба против режимот ќе бидат вградени во извршната власт. Ние се бориме да го реализираме тоа за што денеска зборуваме, така да, секое искуство е драгоцено, мене ми е драго што комплетна е поддршката од сите во партијата, мене ми е посебно мило што е огромна поддршката од граѓаните ширум Македонија, а секако легитимно е секој да има своја амбиција, дали за одредено пратеничко место, дали за учество во извршната власт, јас знам дека место ќе има за сите.

 

П: А точно ли е дека постои голем револт во партијата, особено од оние членови кои до сега беа најгласни во пратеничките клупи но и од други позиции?

Апсолутно дебатата којашто беше отворена толку транспарентно и на Извршниот, и на Централниот одбор, и на Конгресот, беше многу транспарентно воочена и од самата јавност. Ние сме демократска партија. Дебатата беше во недела и заврши дебатата. Сите овие луѓе сами се свесни дека учествуваат во процесите коишто ги движиме и ќе учествуваат во спроведување на тоа што ние денеска го ветуваме пред граѓаните. Тоа се многу искусни луѓе. Јас не трошам ни секунда на менаџмент на некакви проблеми во партијата. Ако постои дебата, верувајте, тоа е различноста за којашто се бориме. Нека ја има таа дебата, таа носи само квалитет.

П: Нели се плашите дека може да ви се случи истото како и со трите пратенички од 2014?

Јас верувам не, затоа што лично се познавам со сите кандидати и со сите нив разговарав за учество на листите и за принципите зад кои што ќе застанеме. Но гледате, и со Солза и без Солза, и со Роза и без Роза и со Љубица и без Љубица, еве го режимот, ќе падне. Да не биде драматично тоа дали некој ќе се одважи, дали некој имал поразличен став од мнозинството. Ставовите на СДСМ и на мнозинството граѓани се јасни. Па тоа е квалитетот на различноста за кој се бориме. Дајте да ги почитуваме вредностите на демократските општества. Ние наверојатно заборавивме пто значи да имаш различен став од мнозинството, па дури и во своја екипа. Тоа е убавината на демократските општества, ајде да го живееме моментот и да му се радуваме. Тоа е најава за што ќе биде во Македонија. Јас верувам дека ќе не поддржат и многу идни опозиционери во Македонија. Со новата власт и со новото парламентарно мнозинство на принципиелни аспекти, на нешто што е интерес на Македонија, но тоа е возможно само ако има дебата, само ако има различно мислење, и на крајот само по пат на демократско гласање да ги носиме одлуките исклучиво во интерес на граѓаните.

П: Поминаа дванаесет години од неуспешниот референдум за територијална поделба. Што добија денес Кичево и Струга од неуспешноста на реферндумот?

Демократизацијата во Македонија во најзначаен сегмент е постигната преку една од најголемите реформи, а тоа е децентрализацијата на власта. Децентрализацијата на власта го приближи процесот на одлучување директно кон граѓаните. Крајно време е да се растеретиме од сите суети, предрасуди во ова наше поделено општествоКвалитетот на животот значи меѓу другото и директно учество на граѓаните во сите сериозни одлуки во ова наше општество. Без разлика дали тие се на локално или на централно ниво. Ако ги тргнеме сите наши преокупации, се ослободиме од сите тие предрасуди, ќе видите како пополека ќе се врати животот во Македонија.Како пополека ќе се врати насмевката кај граѓаните. Доста беа поделби во Македонија. Крајно време е да бидеме обединети сите, кога зборувам сите, значи по етнички основ различни , по политички основ различни, по верски основ различни, или по било кој друг основ различни! Ние сме граѓани на Македонија. Ова е наша земја! Живееме под исто небо! Само сплотени и заедно можеме да го донесеме квалитетот на животот и успехот на нашата земја.

П: Зошто вашите листи не се заклучени и би можело да има промена во истите?

Имаме и одредени правно – формални аспекти кои што да бидат исполнети во функција на прибавување на неопходните законски документи во тој дел, конгресот даде овластување на претседателот и раководството на партијата и во одреден дел на самите слични проблематики кои што ќе се јават. Во тој дел може да се сменат листите. Конгресот го пренесе овластувањето, но секако листите се тие кои што конгресот ги донесе со своите одлуки. Повелете

П: Г-не Заев јавниот долг го надмина нивото од 50 % од БДП, еве ако добиете шанса да формирате Влада, да бидете извршна власт, какви политики ќе водите во делот на задолжувањето? Сведоци сме дека секоја година се зема по една еврообврзница .

Заврши времето со подигање на кредити за непродуктивни трошења. Не дека во Македонија ќе нема и нови кредити, мора да има. Но тие ќе бидат само за капитални инвестиции и проекти кои што ќе враќаат пари назад во Буџетот на Македонија. Тоа е рационалниот пристап. Јас сум економист. Водам општина која што нема едно евро, еден денар долг. Ниту ние, ниту јавните претпријатија по основ на кредити. Значи можело Струмица да биде една од најуспешните општини, без да ги задолжиме граѓаните и сите наредни генерации? Верувајте капацитет има во ова наше општество. Сите наши анализи покажаа дека околу 400 милиони евра годишно се крадат пари! Тоа се народни, наши пари! Македонија има капацитет со 350-450 милиони евра да апсорбира капитални инвестиции годишно. Ако ги анулираме сите непродуктивни трошења пари во глупости во државата . Мораме да бидеме оптимисти  Има капацитет и можност во оваа наша земја. Имаме работлив народ, имаме свои ресурси , одлична географска поставеност. Конечно време е сплотено, заедно да дејствуваме за да можеме да ја видиме среќата и насмевката кај нашите граѓани.

 

 

 

Слични содржини