(ВИДЕО) Во САД е пуштен во продажба мотор “Урал” во комплет со шише вотка

од Vladimir Zorba

Ирбитскиот мото завод ја претстави новата верзија на мотоцикл “Урал” за американскиот пазар, објави денеска РИА “Новости”.


Моделот Ural Ambassador Limited Edition, создаден е по повод 75-тиот јубилеј на фабриката, и е ставен на пазарот во ограничен тираж од 25 примерока, пишува “Авторевијата”.

Новата верзија не се разликува од останатите “Урал” по технички карактеристики. За сметка на тоа има промени во комплетот во кој се вклучени различни опции и додатоци. Главната карактеристика на фирмата е “аптека”, која се состои од шише вотка, рибини конзерви и пакување гуми за џвакање.

Цената на моторот е 16.500 долари.

 

Слични содржини