ВМРО-ДПМНЕ: Целата одговорност сега е на Заев

од Vladimir Zorba

 

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека целата одговорност сега е на лидерот на СДСМ кој, како што се наведува, веќе нема простор од една страна да го лаже народот за заштита на националните интереси, а од друга страна да дава ветувања за реализација на тиранската платформа. 

Зоран Заев јавно се обврза дека ја отфрла тиранската платформа и дека ќе престане со антидржавната и антинационална политика. Сега целата одговорност останува кај Заев.

ВМРО-ДПМНЕ посочува дека будно ќе го следи секој чекор на Заев со кој би се загрозила иднината на државата.

Слични содржини