23-годишен Пакистанец е сторителот на вчерашниот напад во Берлин, пишува локалниот весник  Велт. Според податоци на весникот младиот маж е роден на 1 јануари 1993 година и е наречен Наведен Б., пишува уште весникот, цитиран од BBC.

Претходно беше соопштено дека виновникот за смртта на најмалку 12 лица во германската престолнина пристигнал во западноевропските земји, користејќи го балканскиот пат на имигрантите и барал азил во Германија.

Првично органите на редот во Берлин не тврдеа дека не се знае дали нападот бил намерен  или инцидент. Денеска  рано наутро сепак германската полиција соопшти дека станува збор за терористички акт.

Машината газела т 50 метри пред да запре и уништила десетина куќички на чаршијата. Сведоци јавуваат за силна експлозија, кој беше проследен со предупредувања на полицијата дека од камионот може да истекува гас.
Возачот на камионот е уапсен. Тој се обидел да избега во насока на Зоолошката градина. Со него имало придружник, кој загинал при ударот.

Властите потврдија и дека откритиле  во камионот мртов маж од полско потекло не возел за време на инцидентот. Ова ги засилува верзиите дека возилото било украдено или киднапирано.