97 проценти

од desk4

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Додека Владата одмара, ВМРО-ДПМНЕ работи. И тоа мудро. Велат дека за референдумот ќе го кажат ставот кога ќе поминел екот на годишните одмори на 10 септември. Иако се гледа дека на терен работат за бојкот на референдумот. А пред тоа 25 години нѐ отекоа со референдумот. Оти сигурно знаеле дека тие никогаш не би постигнале договор со Грција. Зашто не ни работеле сериозно за постигнување договор.

Сигурно вмровците се збунети што во само десет дена, среде екот на годишните одмори кога лидерот Христијан Мицкоски не може да изгради став за референдумот, трет човек на Стејт департментот три дена седи во Македонија, слави Илинден заедно со нас, па уште и на Мечкин Камен го качија да го слуша врховниот командант на Армијата што треба да влезе во НАТО Ѓорге Иванов. По него дојде командантот на американските сили во Европа и Врховната команда на НАТО за Европа. Да даде некоја изјава за НАТО и Македонија. А неговиот политички заменик остана уште неколку дена да се види со довчерашни поддржувачи на Груевски и фамилијата и даваше интервјуа за вмровски телевизии. Капак на тоа, уште и американска војска донесоа од Косово да вежба на Криволак.

Значи Американците не чекаат да помине екот на годишните одмори за Мицкоски да се изјасни дали ќе го поддржи договорот со Грција кој ѝ гарантира на Македонија влез во НАТО. А ако пак не го поддржи, ќе го чекаат да се прослави и да испреговара подобар договор со Грција со кој ќе ја внесе Македонија во НАТО. Оти тие веруваат дека тој ќе биде поарен од неговиот претходник Груевски, кој 11 години не успеа да ја внесе земјата во НАТО.

А во исто време, отаде границата лидерот на опозицијата Мицотакис вели дека ако дојде на власт ќе го почитува договорот што го потпиша владата на Ципрас со Македонија.

Стварно не му е лесно на Мицкоски. Ем да работиш за бојкот, ем да бидеш за ЕУ и НАТО.

Целата колумна на СДК на следниот линк.

Слични содржини