Полициски протест во Париз поради мерките на владата: „Министерот за внатрешни не остави на цедило“ (видео)

од Nikola Popovski

Стотици француски полицајци протестирале во Париз против мерките што ги објави владата по демонстрациите против полициската бруталност. Полициските службеници ги осудиле и обвинувањата на министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер за расизам во нивните редови.

Кастанер исто така изјавил дека секој полицаец ќе биде суспендиран во случај на „докажано сомневање“.

Тој исто така најавил дека на полицијата ќе и биде забрането да ја користи „техниката на задушување“.

Неколку полицајци вклучиле ротирачки светла и сирени во знак на протест на улиците во Париз, но исто така ги фрлиле лисиците на земја.

„Страшно е кога шефот ќе ве остави на цедило. Имаме впечаток дека улицата нè контролира и се чувствуваме целосно напуштени“, изјавила полицајка која сакала да остане анонимна, пренесува медиумите.

Првиот протест на полицијата се одржа во саботата навечер пред Триумфалната порта во центарот на Париз, откако Кастанер во петокот ги примил полициските синдикати, кои биле огорчени од неговите најави.

Слични содржини