Избори 2016: Што си порачаа Груевски и Заев на првите митинзи?

од Vladimir Zorba
Овие избори се референдум на кој гласачите треба да решат во каква Македонија сакаат да живеат, ова се клучните пораки од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ од почетниот митинг во Охрид.
Од митингот во Прилеп, лидерот на СДСМ возврати дека приказните за федерализација се измислици бидејќи прашањето на јазиците е уставно регулирано. Со партиската програма Заев возврати на Груевски.
Исто како и во 2014 Груевски од гласачите побара да освои мнозинство во Собранието за да не биде уценуван
Заев пак кажа дека криминалната влада направила државен удат со масовното прислушување и навести дека има неоткриени тајни за Груевски.
Традиционално најголемо внимание на митингот на ВМРО – ДПМНЕ привлече говорот на Амди Бајрам.
Вечерва ВМРО – ДПМНЕ продолжува со митинзи низ Струга И ресен, додека СДСМ е со граѓаните на скопските општини Аеродром, Кисела Вода и Драчево./24Вести

Слични содржини