Поранешната пејачка на “Спајс Грлс”, која потоа стана дизајнер, признава дека жали за тоа што легнала под нож и се прекорува за тоа што долго време го негирала .

“Научи да примаш несовршености . Она што сакам да ти кажам. Остави ја  кожата да дише – носи помалку шминка (и не дозволувај никогаш веќе на шминкерот да ти ги бричи веѓите. Ефектот ќе остане засекогаш “, пишува Викторија до помладите.

“И морам да кажам, не се мамете околу градите. Сите години во кои го негирав тоа е глупаво, и сепак е знак на  несигурност. Биди среќна со она што го имаш “, продолжува таа.

Бекам  која сега е мајка на четири деца, само неколку пати споменуваше за пластичните операции кои ги правела. Во 2014 година таа призна за  силиконите или вештачките гради кои  ги ставила  од времето кога беше пејачка.