Погба го очекува неколку неделна пауза

од Vladimir Zorba

 Фудбалерот на Манчестер Јунајтед Пол Погба ќе биде надвор од терените неколку недели, откако вчера се здоби со повреда на мускул на левата нога.

Французинот го напушти натпреварот со Базел на “Олд Трафорд” во 18. минута, но тоа не ги спречи „црвените ѓаволи“ да победат со 3:0.

По крајот на средбата Погба го напушти стадионот на патерици, а според Мурињо најскапиот негов фудбалер ќе биде надвор од теренот неколку недели.

– Не знам точно колку тешка е повредата. Од искуство знам дека таквите повреди значат отсуство неколку недели, но се уште не сум зборувал со медицинскиот тим. Сепак ние имаме широк состав. Нема да плачеме од повреди. Ако Пол не игра, ги имаме Херера, Керик, Фелаини и Матиќ, изјави Мурињо

Слични содржини