СДСМ: Силјановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ

од Vladimir Zorba

„Гордана Силјановска, исто како Христијан Мицкоски, зборува секој ден дека Република Северна Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ, во јуни. Исто како Мицкоски и Силјановска не сака да добиеме датум за преговори со ЕУ“, соопштуваат утрово од партијата на власт.

„Јасно е, Силјановска е против напредокот на земјата. Нејзините желби, како оние на Мицкоски, Иванов и Груевски, нема да се остварат. Република Северна Македонија тргна напред и враќање назад нема да има.

Силјановска, Мицкоски и Иванов треба да знаат дека и покрај опструкциите и блокадите, Република Северна Македонија ќе продолжи да чекори напред, ќе добие датум за преговори со ЕУ и ќе биде полноправна членка на Унијата.

Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе гледа и ќе води напред, ќе го изберат Стево Пендаровски“, додаваат од СДСМ.

Слични содржини