Бред Пит побарал да глуми во „Peaky Blinders“

од desk2

Гангстерската серија доби сериозно гледаност, а и легендарниот глумец е импресиониран од неа па побарал да стане дел во наредните сезони.

„Peaky Blinders“ е британска крими драма на создадена од Стивен Најт, а во продукција на BBC. Дејството се одвива во Бирминген и го прати семејството Шелби во периодот по Првата светска војна. Серијата стана популарна низ целиот свет и рејтигно и натаму и расте. Во тек е петтата сезона.

„Доста актери нѐ контактираа бидејќи сакаат да глумат во серијата. Бред Пит, Снуп Дог, Ејсап Роки и многу други. Мислам дека во шестата сезона малку ќе ја отвориме вратата за славните глумци. Но, најважно е да се совладнат во улогата. Ќе ги земеме само најдобрите, како што и направивме со Сем Клафлин кој го глуми Мозли. Тој е совршен“, изјави Најт за Guardian.

Но, појавувањето на славни глумци во сериите неретко го нарушувале имиџот и препознатливоста на серијата. „Секогаш е тешко кога публиката го знае глумецот од некој друг филм или серија, а тоја само се појавува со споредна улога. Тоа им го одвлекува вниманието“, вели Најт.

Таков пример беше и гостувањето на пејачот Ед Ширан во „Game of Thrones“ каде иако не направи ништо лошо, реакциите на фановите беа негативни.

Спротивен ефект имаа појавувањата на славни личности во „The Big Bang Theory“ каде тоа наидуваше на воодушевување кај фановите, но тоа веројатно беше поради фактот што се глумеа самите себе.

Слични содржини