Британска Влада: Граѓаните и бизнисмените не се подготвени за Брегзит без договор

од desk4

  Плановите на британската влада да ја напушти Европската унија договор може да предизвикаат големи нарушувања што би влијаеле на снабдувањето со лекови и одредени видови свежа храна, се предупредува во документот на британската влада „Операција Јелоухамер“.

Во него се додава дека се можни протести и контрапротести низ цела Британија што може да прераснат во немири.

Документот „Операција Јелоухамер“ бил подготвен од британската влада на 2 август и претставува основа за планирање за брегзит без договор.

Владата во тој документ наведува дека „подготвеноста на јавноста и на бизнисмените да за напуштање без договор ќе остане на ниско ниво“ пред предвидениот датум за излегување на Велика Британија од Европската унија.

Брегзит е планиран за 31 октомври.

Според проценките на владата, бројот на камиони што минуваат низ каналот Ламанш би опаднал меѓу 40 и 60 проценти во истиот ден, а проблемите би можеле да траат три месеци.

Во документот се наведува и дека во најлошото сценарио „снабдувањето со одреден вид свежа храна ќе се намали“ и дека цените ќе се зголемат.

Документот беше објавен откако е побарано од пратеници во британскиот Парламент.

Слични содржини