ЦУК: На територија на државата се активни пет пожари

од Stefanija Kuzmanovska

Центарот за управување со кризи утринава информира дека на територија на државата има активни пет пожари и тоа во општините Македонски Брод, Штип, Врапчиште, Могила и Делчево.

Во општина Македонски Брод гори нискостеблеста шума кај селото Белица, во општина Штип е опожарена нискостеблеста шума на планината Серта, а во општина Врапчиште горат пасишта во истоименото село. Во општина Могила во пределот меѓу селата Могила и Беранци гори ниска вегетација и стрниште, а во општина Делчево кај селото Бигла гори ниска вегетација и шума.

Според информациите на ЦУК, вчера имало вкупно 33 пожари од кои 28 се изгаснати.

Слични содржини