Дечев: Бугарско-македонската комисија за историскли прашања тешко ќе постигне компромис

од Vladimir Zorba

Бугарскиот професор и историчар Стефан Дечев во интервју за ИПортал вели дека одбива да верува дека постои можност опозицијата во земјава да стигнала дотаму да таа е „заслужна“ за недобивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ. Според него, друга алтернатива не постои, а најдобро би било „историската грешка“ како што ја нарекоа повеќето европски политичари да се корегира уште пред пролетта 2020-та година.


Дечев не е многу голем оптимист за брзо и ефикасно решавање на спорните прашања во заедничката Бугарско-македонска комисија за историски и образовани прашања формирана согласно Договорот за доброседство.

Дали сметате дека заедничката Бугарско-македонска комисија за историски и образовани прашања формирана согласно Договорот за доброседство ќе постигне компромис за важните спорни прашања?

Мислам дека ќе биде многу тешко. Уште во потпишувањето на договорот на 1 август 2017 година, внимавав на чл. 8, параграф 2 и 3, иако го вклучиле во последниот текст. Не сум сигурен дали политичарите и дипломатите од обете страни имаат јасна свест дека и на двете места малкумина се подготвени да се справат со минатото и „историските настани“ „стручно“ и „ објективно, а камоли да се направи „научно толкување“ на изворите, како што се наведува во договорот.

Ваквиот пристап би бил крајно непопуларен и во обете држави, кои имаат фундаментално збунети национални наративи, со, благо речено, проблематични (да не кажам лажни) точки со кои тие се најприсутни во медиумите и уживаат релативно широко јавно одобрување. Се разбира, знам вкупно по 5-6 макеоднски и бугарски историчари кои би можеле да ги решат спорните прашања за шест месеци, но не сум сигурен дека бугарското и македонското општество, или мнозинството бугарски и македонски политичари, ќе бидат подготвени да го слушнат што историчарите ќе го соопштат. Ова исто така може да биде проблем за нивните колеги историчари и во Бугарија и во Македонија. Работите што тие ги напишале досега може да бидат веднаш непотребни. И, она што историчарите од обете држави треба да го кажат за двете општества е нешто што, вашиот прв министер за надворешни работи од независноста, Денко Малески неодамна го рече – дека мора да се роди заедничка европска вистина за двете претходни приказни, бугарската и македонската. За мене тоа не е невозможно, но нова генерација историчари треба да зборува на двете места, како и широко да се отвори дебатата во бугарскиот и македонскиот медиумски простор за појава на алтернативни перспективи, кои можеби на почетокот нема да се популарни, некои во Софија, други во Скопје, но двете општества мора да започнат да се навикнуваат на нив.

Целото интервју прочитајте го ТУКА.

Слични содржини