Демократски сојуз: ДУИ и СДСМ да не го блокираат изборот на член на ДИК

од Nikola Popovski

Демократскиот сојуз ги повикува ДУИ и СДСМ, да не го блокираат изборот на член на Државната изборна комисија поддржан од опозициските политички партии на Албанците, бидејќи тоа е законска обврска.

-Алијансата на Албанците една година е дел од парламентарното мнозинство и партиципира со свои министри во Владата и другите ешалони на власта и нема законски основ да предлага, односно да поддржува кандидат за член во ДИК, велат од ДС.

Според партијата на Павле Трајанов, решенијата од Изборниот законик се јасни и „опструкциите од ДУИ и СДСМ укажуваат на можно сценарио за кршење на изборните правила и оспорување на изборните резултати“.

-Ја повикуваме Комисијата за избори и именувања да постапи согласно законите и да не биде дел од сценариото за блокада на комплетирањето на ДИК, стои во соопштението на ДС.

Слични содржини