Две тинејџерки прегазени на пешачки пред училиште во Штип

од Nikola Popovski

Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“-Штип.

„Денеска (10.10.2023) околу 07.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул. „Гоце Делчев“ во Штип, патничко моторно возило „цитроен ц1“ со германски национални ознаки, управувано од Н.Б.(28) од Штип, удрило во две малолетнички на возраст од 16 и 15 години. Во несреќата, 16 – годишната малолетничка се здобила со тешки телесни повреди, а другата со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип“, соопштија од СВР Штип.

Според информациите, едното од девојчињата имало скршеници, додека другото, како што потврдија од Клиничката болница, поминало само со лесни телесни повреди.

Слични содржини