Европол предупредува на НОВА КРИМИНАЛНА ПРАКСА: На милиони прехранбени производи им се БРИШЕ ОРИГИНАЛНИОТ РОК НА УПОТРЕБА!

од Stefanija Kuzmanovska

Желбата за заработка и „генијалната“, но опасна измама на членови на криминална група доведе до закана по здравјето на голем број Европејци.

Ова го тврди Европол, по меѓународна полициска акција која се занимавала со група, осомничена дека ги менувала етикетите на милиони прехранбени производи со поминат рок, а потоа ги прераспределила преку малопродажните синџири.

Станува збор за истрага која беше спроведена во неколку земји на ЕУ и на крајот резултираше со апсење на 27 лица. Европол предупредува и дека она за што се осомничени членовите на таа група – промена на датумите на производите со поминат рок и нивно враќање во дистрибуција и продажба – е релативно нова криминална практика. Но е крајно опасна, бидејќи потенцијално го загрозува здравјето на голем број луѓе.

Истрагата утврдила дека криминалната група дошла на идеја за нивниот „бизнис“ откако сфатила дека пандемијата Ковид-19 ги ​​направила синџирите на снабдување ранливи поради тешкотиите во транспортот и дистрибуцијата на храна и пијалоци. Сфатиле дека акумулираат храна и пијалоци кои не можат да ги продадат поради КОВИД-19, но и како да го решат проблемот со рокот на употреба. Прво почнаа хемиски да ги бришат роковите на одредени артикли, по што пишуваа нови. Подоцна, како што се сомнева, ги фалсификувале и декларациите и ставале сосема нови бидејќи сакале да создадат впечаток дека се работи за безбедна и свежа храна.

Европол предупредува дека таквата храна и пијалок не само што можат да имаат непријатен вкус и мирис, туку можат да бидат и крајно опасни за човечка исхрана и во исто време да претставуваат сериозен ризик за јавното здравје.

Слични содржини