Филипче ќе се потпише договорот за набавка на 200.000 кинески вакцини

од Берта Китинска

Министерот за здравство договорот за набавка на 200 илјади кинески вакцини треба да го потпише во текот на денешниов ден.

Првите дози на Синофарм треба да пристигнат по потпишувањето за најкраток временски рок.

Со имунизација први ќе започнат медицинските работници и сите лица над 70 години. Матичните лекари ќе закажуваат вакцинирање против ковид-19 преку „Мој термин“, а идната недела ќе биде објавена веб-страница на која граѓаните ќе може електронски да се пријават.

На дневно ниво се очекува да се вакцинираат од две илјади до 2 500 граѓани.

– За секој граѓанин кој ќе ја прими првата доза, веднаш ќе биде резервирана и втората што треба да ја прими по 21 ден, што значи дека од првата пратка имаме две дози за вакцина и ревакцина за 100.000 лица. Записот за спроведена вакцинација станува дел и од електронското здравствено досие на пациентот.И секој кој што ќе биде вакциниран ќе добие сертификат, Термините помеѓу вакцинацијата ќе бидат на 10 минути, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцината ќе стигне преку воздушен пат, а системот е подготвен да ги преземе вакцините од аеродром, складира и соодветно дистрибуира до вакциналните пунктови. Вакцината Синофарм се чува и дистрибуира на температура од 2 до 8 степени што го олеснува начинот на транспорт, чување и дистрибуција.

Покрај кинеските вакцини земјава обезбеди 800 илјади вакцини од КОВАКС системот и за исто толку се разговара и со компанијата „Фајзер”. Според министерот првата количина вакцини е сосем доволна за еден процес на вакцинација што ќе трае четири до шест, седум недели.

Слични содржини