„Finance think“: Зајакнување на правото, подобрување на образованието и здравството најважни за граѓаните

од Ивана Рамаданова

Зајакнување на владеење на правото, подобрување на квалитетот на наставата на сите нивоа на образование, подобар квалитет на здравствените услуги и задржување на лекарите во јавното здравство, се трите најважни приоритети на кои треба да биде фокусот на изборните програми на политичките партии на претстојните парламентарни избори 2020 година. Ова се резултатите од интернет анкетата што ја спроведе Институтот за економски политики и истражување „Finance think“.

Истражувањето покажало дека граѓаните одговарајќи на истото прашање, помалку важни им се повисоки субвенции, пензии и социјалната помош.

Според граѓаните, на четврто место се наоѓаат повисоките плати, како услов за повисок стандард и подобар живот, а според нивните одговори важни се и спречувањето одлив наа квалитетен кадар како и отворањето нови работни места.

Институтот за економски политики и истражување „Finance think“ интерент анкетата ја споведе овој месец. Во неа беа опфатени 589 испитаници, со вкупно 1760 одговори. Маргина на грешка според „Finance think“ e 2.12 отсто.

Слични содржини