Финска бара Турција и Унгарија што поскоро да ги одобрат нивните барања за влез во НАТО

од Берта Китинска

Финската премиерка Сана Марин ги повика во вторник Турција и Унгарија да го одобрат барањето на Финска и Шведска за членство во НАТО што е можно поскоро.

Унгарија и Турција се единствените две преостанати членки на НАТО кои сè уште не ги ратификувале барањата, истакнува Ројтерс.

„Сите очи сега се насочени кон Унгарија и Турција. Очекуваме тие земји да ги ратификуваат нашите барања. Мислам дека би било важно тоа да се случи што е можно поскоро“, рече Марин на заедничката прес-конференција со другите нордиски лидери.

Финска и Шведска минатата недела повторија дека истовремено ќе се приклучат на НАТО, претставувајќи обединет фронт пред Турција.

Двете земји поднесоа барање за влез во НАТО во мај како одговор на руската инвазија на Украина, но се соочија со приговори од Турција, која ги обвини дека засолниле на, како што смета, терористичките групи.

Слични содржини