Професорката Мирјана Најчевска беше дел од претставата „Време на забава“ („Party time“), на театарската трупа „Гнев“, која синоќа беше изведена во рамки на 40-от „Млад отворен театар“. Режисер на претставата е Зоја Бузалковска.

12046588_1077030068973739_704529627555551594_n-397x540

„Викајте ме Маја Плисецкаја.

Кога Катица Јанева ја нарекувате специјален јавен обвинител, кога Тодоров го нарекувате министер за здравство, кога Ѓорѓе го нарекувате претседател на држава, кога Груевски го нарекувате премиер, кога Миленко го нарекувате новинар, кога Адеми може да биде министер за образование, кога Латас го нарекувате професор, кога Караѓозоска ја нарекувате амбасадорка, кога Миновски може да биде претседател на Комисија за заштита од дискриминација, кога … јас мислам дека заслужувам да бидам наречена балерина.

12036682_1077030025640410_869123639671908494_n

Се пријавив на конкурс и бев избрана како најдобра балерина меѓу сите кои се пријавија. Поразговарав и со неколку луѓе со кои требаше да се поразговара и многу се изненадив кога ме избраа мене.

12011395_1077029995640413_6743858685786025193_n

Верувам дека ќе бидете многу позитивни и ќе ми дадете шанса. Целта ми е Бољшој театар“, напиша Најчевска на својот Фејсбук профил каде сподели една од фотографиите од претставата.

12039717_1077029968973749_4968313203410025597_n

Галерија од фотографии од вториот ден на МОТ 2015, направени од Сашо Н. Алушевски, погледнете на Фејсбук страницата на МКЦ.

Дополнето:

Најчевска и на својот блог објави за учеството во претставата:

Ова е претстава за сликата во искривено огледало која станува реалност.

Претстава за тортурата и нечовечноста за неконтролираната моќ и нејзината злоупотреба.

Претстава за новопечените богаташи кои се спремни црното да го прогласат за бело, доколку тоа им носи профит.

Претстава за стравот и потчинетоста, за незаинтересираноста за другиот, за побуната и за очајот.

Претстава за живот кој го живееме во оваа наша Македонија, а кој повеќе наликува на ноќна мора отколку на нормален живот.

Ова е претстава која покажува како театарот може да стане алатка на граѓанскиот активизам.

И благодарам на театарската група ГНЕВ што ми дозволи да бидам дел од борбата.

 

Слични содржини