Гладот ​​им се заканува на се повеќе деца во Сомалија

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на деца кои се соочуваат со тешка акутна неухранетост во Сомалија надмина половина милион, повеќе отколку во 2011 година кога десетици илјади деца умреа од глад, соопштија денеска Обединетите нации.

„Повеќе од половина милион деца се соочуваат со последици што може да се спречат. Тоа е вистински кошмар“, рече Џејмс Елдер, портпарол на УНИЦЕФ на прес-конференција во Женева, додавајќи дека таква ситуација не е видена во ниту една земја во овој век.

Според податоците на УНИЦЕФ, повеќе од 700 деца починале во нутриционистичките центри низ земјата чии капацитети биле максимално исполнети.

Слични содржини