Груби кажа каде ќе одат гласовите на ДУИ во вториот круг

од Vladimir Zorba

Претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието, ова е условот за да се добијат гласовите на ДУИ во вториот круг по завршувањето на претседателските избори, вели вицепремиерот за координација на политички прашања на ресорите и министер за политички систем Артан Груби.

Во вчерашното интервју на ТВ Сител Груби, одговарајќи на прашањето на кого ДУИ би му ги дала гласовите во вториот круг од претседателските избори доколку нивниот кандидат Бујар Османи отпадне во првиот, рече тоа ќе биде онаа политичка партија која ќе се заложи претседателот на државата во иднина да се избира во Собранието.

Груби на прашањето дали во моментов ДУИ е поблиску до коалиција со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ, избегна конкретно да одговори велејќи „од денешен аспект најблиску сме до коалиција со народот“.

Во врска со евентуалните коалициски комбинаторики по завршувањето на парламентарните избори, Груби рече дека ДУИ, заедно со „Европскиот фронт“, на претстојните парламентарни избори цели на освојување 20 пратенички места.

Слични содржини